ЕСМ понуди за 3,33% повисока цена на струјата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Електродистрибуција попладнево информира дека, ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.

Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јули-декември 2024), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 60 евра за мегаватчас.

За покривање на загубите на електрична енергија, на одржаните тендери Електродистрибуција доби просечна цена од 106,04 евра за мегаватчас. Претходно оваа цена изнесуваше 105,00 евра за мегаватчас.

„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.“, стои во соопштението од ЕВН Хоме.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...