Снегот непрестано паѓа на подрачјето на Гостивар преку цел ден, а продолжи и вечерва веќе формираше значителна снежна покривка. Надлежните се мобилизираа за активности на терен за расчитување на улиците и патните правци, за да се обезбедат услови за непречено одвивање на сообраќајот.
„Сите гостиварски патишта се проодни, од планинските села, па сѐ до градот. Постојано сме на терен и моментално продолжува чистењето и фрлањето сол.“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот Ваљбон Лимани, при што објави и неколку фотографии од теренските расчистувања.
Според најавите на метеоролозите врнежи од снег ќе има и утре.
Преземено од: GostivarPress













