Времето денеска (понеделник) претпладне ќе биде умерено до значително облачно со појава на слаб локален дожд и снег особено во јужните делови од земјата. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.
Во вторник и среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините, а постојната снежна покривка постепено ќе се намалува.
Наоблачување со појава на повремен дожд, а на планините и дел од повисоките места од снег ќе има во ноќта кон четврток и потоа преку денот. Во петок, според прогнозите нѐ очекува делумно сончево време. Драстични промени во температурата не се најавени.
Преземено од: GostivarPress













