Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан богослужеше во храмот „Пресвета Богородица“ во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На денешниот голем православен празник Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата божествена литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар.

Заедно со поглаварот на МПЦ на литургијата богослужеа Митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф и Митрополитот на Повардарската епархија г.Агатангел.

Црквата беше исполнета со верници дојдени да ја споделат празничната радост, да се помолат за здравје и спасение и да ја слават Мајката Божја, се поклонија пред иконата на Богородица и молитвено го побараа нејзиното застапништво пред Бога. За посебна светла духовна атмосфера на богослужението придонесе присуството на многу дечиња.

dsc 8310

Во својата беседа поглаварот г.г. Стефан пред верниците подвлече:

„На денешниот ден се спомнува влегувањето на тригoдишната Марија во храмот, каде што добива значење како храм на Божјото присуство, подготвувајќи се да биде мајка на Спасителот на светот, Господ Исус Христос. Ако сме ја осознале улогата на стариот храм, тогаш ќе ја разбереме и смислата на воведувањето на Марија во храмот. Немало и не можело да има друго место каде што ќе се подготви онаа која ќе стане мајка на Спасителот. Тоа место, тој храм, било најсветото место во Израел, каде што се чувствувала Божјата сила. Тука се изгради ликот на Богородица, Невеста Неневестна, која го донесе Спасителот во светот. Пресвета Богородица е највозвишеното човечко суштество кое некогаш живеело. Таа се одрекла од сè земско и го посветила својот живот на исполнување на Божјата волја, станувајќи пример за сето човештво. Низ нејзината улога како мајка на Христос, Црквата ја признава како застапничка за сите пред престолот на Севишниот Бог. Таа е пример за живот посветен на верата, подвигот, и љубовта кон Бога.“

dsc 8376

Архиепископот понатаму повика на почитување и посетување на православните храмови:

„Пресвета Богородица има посебно место во македонската традиција. Многу храмови, манастири и параклиси во нашата земја и меѓу македонските иселеници се посветени во нејзина чест. Како што во минатото храмовите биле центар на духовниот живот, така и денес се пример за нашето однесување. Постојаното почитување на храмот, учеството на божествените служби, исполнувањето на христијанските добродетели и верскиот живот се начини на кои го прославуваме Бога и ги следиме примерите оставени од нашите светители. Денешниот празник е потсетник за оваа традиција и повик за посветен живот во верата и љубовта кон Бога.“

g g stefan 3

Владиката г.Јосиф им се заблагодари на поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и на Владиката г.Агатангел, а обраќајќи се кон верниците нагласи:

„Гостивар е наречен и град на гостољубието. Денеска покажавте навистина гостољубие кон нас архијереите во вашиот град. Чест е што неговото блажество е овде со нас денеска, неговиот благослов и тоа како значи многу за нашата епархија, посакувам често да ни доаѓа, често да не радува со посета на нашата епархија, да се гледаме повесели во храмот на Мајката Божја, да се моли за сите нас да се спасиме и да бидеме во вечноста заедно“.

dsc 8260

На крајот од литургијата верниците се причестија со светите тајни на христијанството. По литургијата беа благословени славските лебови.

Пресветата Марија во Ерусалимскиот храм ја воведе првосвештеникот Захарија. И тоа не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос. Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот се нарекува Пречиста.

dsc 8444



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
scattered clouds
15.2 ° C
15.2 °
15.2 °
65 %
0.6kmh
35 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
15 °
Tue
15 °

Поврзани написи