По пообилните врнежи од снег на повисоките места, патот до мијачкото село Галичник неколку дена е непрооден.
Регионалниот ЦУК Тетово известува дека по добиената информација дека патот Маврово-Глаичник од 03.12.2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено е во контакт со Македонија пат – Пункт Маврово, од каде што известиле дека ќе прават договор со трети лица ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата.
Регионалниот ЦУК Гостивар информира при комуникацијата со Општина Маврово-Ростуше е добиено известување дека патот до село Дуф е прооден, а дека екипата за расчистување е се уште на терен за довршувањето на работата.
Преземено од: GostivarPress













