Предизвик на „Тик Ток“ испрати средношколец во болница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


„Супермен челинџ“ е „играта“ поради која средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ вчера завршил во болница. Предизвикот кој е популарен меѓу тинејџерите и адолесцентите на „ТикТок“, група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе, пишува Мета.мк.

Во „играта“, ученик во втора година во ова училиште, вчера на големиот одмор паднал и се онесвестил, по што завршил на снимање во Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Како што дознава Мета, останатите ученици, по настанот се вознемириле, а надлежните во училиштето ги смирувале и разговарале со нив со цел да превенираат вакви ситуации во иднина.

„Точно е дека тоа се случи, но детето е добро. Моите колеги направија записник, разговараа со учениците и ситуацијата е под контрола“, кусо изјави директорот Димитар Ѓорѓиев за Мета.

Она што може да се види од видеата на ТикТок, се случува децата намерно да не го прифатат ученикот кој скока врз нивните раце, за да падне, да тресне на подот и да се повреди, па токму поради тоа и завршуваат со фрактури.

„Супермен челинџ“ е популарен во основните и во училиштата за средно образование. Децата најчесто го користат времето за ова додека се на голем одмор.

Повеќе на Мета.мк

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...