Гимназијата во Гостивар го прослави Денот на Свети Климент Охридски – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во средното општинско училиште гимназија Гостивар денес се одржа традиционално чествување на празникот 8 Декември, Денот на големиот просветителот и светец, свети Климент Охридски.

Преку свеченоста која ја организираше Активот по македонски јазик и литература, се обрнува внимание младите генерации да се потсетат на големината и значењето на свети Климент и да се поттикнат на почит кон корените на културата и историјата.

„Тој е најзначаен македонски средновековен писател културно-уметничка програма, бил прв словенски епископ, прв македенски архиепископ и најистакнат ученик на светите браќа Кирил и Методиј, основоположник на Охридската книжевна школа. Благодарение на тебе Клименте денес јас, ти, тој, таа на свој јазик пишуваме, за твоите дела гласно ти се благодариме, за писменос на една нација цела. Чудотворецу наш, нека се вечни името твое и твоите дела“, истакнаа учениците во своите излагања.

Културно-уметничкиот дел од програмата содржеше рецитации, драмска изведба и музички настап на училишниот бенд.

slika 1 gimnazija

3 gimnazija

На настанот беа доделени и благодарници на истакнати ученици од гимназијата за учество во воннаставни активности и афирмација на училиштето, како и на професори ментори за нивниот ангажман.

На манифестацијата, освен домаќините гимназијалци и професори присуствуваа и родители, претставници на општинскиот Сектор за образование, Бирото за развој на образование и други гости.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
8.1 ° C
8.1 °
8.1 °
88 %
0.2kmh
98 %
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
12 °

Поврзани написи