Се прават последните подготовки за првиот “Кристмас маркет” и новогодишната програма во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Штип ги прави последните подготовки пред официјално да започне новогодишната магија во Штип. На шеталиштето „Ванчо Прќе“ од денеска се поставуваат типските куќички, а викендов улицата ќе биде целосно украсена и подготвена за престојните празници.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека ќе има содржини за сите генерации, многу забава, музика.

  •  За време на викендот се поставуваат сите елементи, типските куќи на самото шеталиште, многу светилки во централното градско подрачје. Она кое е планирано е во рамки на самото шеталиште да има и предновогодишна програма која ќе започне од понеделник со најразлична содржина, изјави Јорданов.

Во Програмата се предвидени Дедо мразовци, аниматори, детски воз и многу детски претстави како дел од содржините кои до Нова Година ќе се реализираат на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Јорданов посочи дека организацијата е на повисоко ниво и очекува многу посетеност и многу задоволни граѓани.

  • Очекувам онаа посакувана предновогодишна среќа која ни е неопходна на сите нам, да се предизвика преку предновогодишната програма и преку украсувањето на градот. Очекувам и организацијата да биде на едно повисоко ниво, со многу повеќе предновогодишни украси, рече  Јорданов.

Дополнително од 20 декември ќе започне и Божиќниот базар, кој за првпат се организира во Штип. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...