СВР Тетово соопшти дека ноќеска во 1.30 часот после полноќ на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце го лишиле од слобода Б.О.(68) од Гостивар затоа што при пасошка контрола било констатирано дека бил баран по распис од ОВР Гостивар во врска со член 247 од Кривичниот законик (измама).
Лицето е спроведено и задржано во ПС Гостивар за понатамошна постапка.
Преземено од: GostivarPress













