СВР Тетово извести дека вчера (9.12.2024) во 23.20 часот во полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле С.Ш.(45) и Ш.Ш.(25) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од Г.П.(41) од Гостивар дека околу 22.00 часот го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување во неговиот угостителски објект на улица „Панче Попоски“ во Гостивар.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Преземено од: GostivarPress













