Можност за невработените, отворен повик за бесплатна обука за приватно обезбедување

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Агенцијата за вработување објави јавен повик наменет за невработени лица кои се заинтересирани за учество во бесплатна Обука од областа на приватно обезбедување.

Во оваа мерка е предвидено вклучување на 100 невработени лица кои ќе добијат можност за зголемување на вработливоста преку стекнување на лиценци за приватно обезбедување. За учество во обука, кандидатот треба да ги исполнува следниве критериуми: да има завршено минимум средно образование и да биде евидентирано невработено лица- активен барател на работа.

Предвидено е обуките да се реализираат во Скопје и Штип.

Како што стои во повикот, кандидатот има обврска во рок од 2 месеци од почеток на обуката, истата да ја заврши и во рок од 6 месеци да го полага стручниот испит. Во случај лицето да не го положи испитот (не положи 1 или 2 предмети од испитот) има право повторно да полага на сопствен трошок.

По завршената обука и положен испит, невработеното лице ќе се стекне со лиценца за физичко обезбедување.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување.  Јавниот повик ќе биде отворен се до потполнување на планираниот опфат на лица.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...