Се замрзнуваат платите на функционерите и судиите, почнува исплатата на К15 за администрација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Владата денеска на седница донесе неколку одлуки меѓу кои дека нема да растат платите на избраните и именуваните лица, судиите, членовите на Судскиот совет и јавните обвинители. 

Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук соопшти дека платите на овие лица ќе бидат замрзнати преку интервенција на коефициентите за пресметка на плати. 

За таа цел задолжени се Министерство за економија и труд и Министерство за правда да достават измени и дополнувања на законите со што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите. 

– Актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избраните и именуваните лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула, објави портпаролката на Владата, Марија Митева.

На денешната владина седница донесена е и одлука да почне исплатата на К15 за сите вработени во администрацијата за што се обезбедени околу една милијарда денари во билансот на буџетот.

Донесена е и одлука со која им се препорачува на сите органи на државната управа да не вршат исплата на 13-та плата со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...