(Видео) За вљубените, боемите и доброто друштво – Миле Кузмановски ја запеа „Срце храбро“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Не му е прва кафаенска ама е нова и тоа песна, која нема кој да не ја запее. „Срце храбро“ за боемите, вљубените, расположение. Таква е новата песна на Миле Кузмановски, а ја промовираше вчера во винаријата „Стоби“.

-Песната е од автор, кој не го познавам и случајно дојде до мене. Но, кога ја слушнав реков-да, тоа е тоа. Знам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи е боемска, љубовна, секој може да се пронајде во неа. Песна за добро друштво, рече Миле, кој зад себе успеа да испее песни кои ќе останат за навек.

Песната „Срце храбро“, дело на босанскиот композитор Драган Пејиќ – Пеја, кој после војната во Југославија заминува за Швајцарија и ова е негова прва соработка со македонски пејач. Текстот е на Александар Тарабунов, кој ја напишал за само еден час. Аранжманот го направи Бобан Василевски, кој свири гитара во бендот на Бени „Нон стоп“.

mile kuzmanovski2

Во снимање на песната свират и други познати музичари како Војче Петрушев на хармоника, тамбура – Ташко Грујовски, а кларинет Зоран Крагуевски. Сара Пројковска ги испеа придружните вокали, а миксот и мастерингот се на Бобан Василевски. Спотот го направи „Арт студио“, а снимен е во винаријата „Стоби“.

Уживајте во спотот:

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...