Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 13.12.2024 година во 01 часот и 36 минути после полноќ, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа на 47 km југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со Рихтерова локална магнитуда МL2.3.
Од сеизмолошката опсерваторија известија дека според досегашните податоци со кои располагаат, земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Преземено од: GostivarPress













