Шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, потоа се пронајдени и вратени дома

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава дека на Попова шапка шест лица се изгубиле, не можеле да се ориентираат и побарале помош.

-Конкретно, со скии-лифт се качиле горе на скијачките патеки и кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла, а и поради снегот што бил нов и немало изгазена патека од други скијачи тие не можеле да се ориентираат за правец за спуштање. Скијачите се јавиле за помош на 112 и од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лицето вработено на ски-лифтот пронашло пет (5) од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашле и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, а потоа безбедно се вратиле во нивните домови, информираат од ЦУК.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи