Новогодишната кошница поевтина за 10%, има само ситни забелешки, уверуваат надлежните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница што почна на 15. месецов се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 проценти во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата. Листата со производи од акцијата, како што соопштија, од стартните 600 надминала 1.100 и е отворена.

Денеска бевме во посета на маркетите за да видиме дали се ставени прозиводите во маркетите што беа понудени од трговците, проиозводителите и дистрибутерите во Новогодишната кошница. Видовме  дека се  означени со ознаката, тие производи што се ставени на листата намалени се за 10 проценти и повеќе. Ме радува фактот што за  многу кратоко време бројката на производи достигна над 1100 од 95 трговци на 42 ланци на маркети, изјави Дурмиши, кој беше придружуван од заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

  • Во овие пет дена ДПИ регистрира ситни забелешки во смисла на означувањата и ситни корекции на цените кај два-три трговски субјекти. Не се забележани неправилности во поголеми размери. Можам да заклучам дека сите чинители во овој процес го почитуваат договореното, изјави Стојкоски.

Според него, мониторингот што го спроведе ДПИ пред стартот на акцијата,  покажал дека серозно се почитува договорнео и трговците на дело покажуваат општетсвена одговорност.

И  според Законот за заштита на потрошувачите како Пазарен инспекторат имаме право и ја контролираме најниската цена во последните 30 дена, односно на најниската цена минимум 10 проценти намалување. Го контролираме тоа, во тек сме и немаме некави драстични разлики, рече Стојкоски, прашан за коментар  на критиките од граѓаните дека трговците пред да стапат во сила мерките и за есенската и за новогодишната кошница ги зголемиле цените и подоцна во пракса нема никакво намалување.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
9.7 ° C
9.7 °
9.7 °
87 %
0.2kmh
0 %
Fri
10 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи