Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Осомничениот за крвавиот напад со кршење на автомобил на божиќен пазар во германскиот град Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата, цитирана од ДПА.

-Врз основа на податоците собрани од истрагата, може да се исклучи присуството на соучесник или соучесници, изјави портпаролот на органите на редот на прес-конференција во Магдебург.

Осомничениот кој синоќа удри автомобил во толпа на божиќен пазар во централниот германски град, при што загинаа пет лица, а 200 беа повредени, користел рута наменета за минување на амбулантни и други специјалистички возила во итни ситуации и така стигна до централниот градски плоштад, кој инаку е непристапен со автомобил, изјави Том-Оливер Лангханс, директор на локалната полиција.

Сето тоа траеше околу три минути, додаде тој.

Според властите, меѓу петмината загинати има четворица возрасни и едно деветгодишно дете.

Мотивите за постапките на сторителот засега остануваат непознати, но неговото незадоволство од односот на Германија кон бегалците од Саудиска Арабија можеби одигра улога, изјавија обвинителите на истиот брифин.

Обвинителите подготвуваат обвиненија против него по пет точки од обвинението за убиство со умисла и 205 за обид за убиство со умисла.

Виенската полиција денеска го засили своето присуство на божиќните пазари во австриската престолнина, еден ден по смртоносниот напад, а ја зголеми безбедноста во другите австриски градови. 





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...