СВР Тетово информира дека ноќеска 2.30 часот после полноќ во Неготино полошко, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.В.(38) од селото поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1, „лихварство“ по член 260 став 2 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 3 од Кривичниот законик.
„Постапувајќи по претходна пријава од 35-годишник од Гостивар, со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени разновидна документација, околу 25.000 евра во различни апоени и златен накит.“, стои во известието од полицијата.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Преземено од: GostivarPress













