МВР информира дека вчера (27.12.2024) во 7.40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од 27 годишниот гостиварец Д.К., удрило во пешакот Е.С.(63) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентниот центар Гостивар, извести МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа.
Преземено од: GostivarPress













