Моторџиите приредија новогодишна забава и дарување за децата во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Несекојдневна забава со фотографирање на мотори и дарување новогодишни пакетчиња, денес за најмалите во Гостивар приреди мото клубот GO BIKERS.

На градскиот плоштад, Дедо Мраз кој пристигна на мотор, подели 250 пакетчиња на дечињата, а за повесела и интересна атмосфера придонесе и дружбата со маскоти.

„Оваа година за прв пат го организираме овој настан и беше голем предизвик за нас. Беше организиран пред сѐ благодарение на членовите на мото клубот, како и поддршката на компаниите кои ја препознаа хуманата страна на нашата мисија. Нашите планови се овој настан да прерасне во традиција и да го организираме секоја година. И во иднина планираме да продолжиме со слични активности и настани од хуманитарен карактер.“, изјави Велибор Радически, член на клубот.

gobikers dedo mraz 6gobikers dedo mraz 7

За дечињата освен Дедо Мраз и маскотите, најинтересно беше разгледувањето на моторите и можноста да се фотографираат со нив.

gobikers dedo mraz 4gobikers dedo mraz 8

Изминатиот период GO BIKERS организираше неколку хуманитарни активвности, како крводарителна акција, донација на социјално загрозени семејства во огревно дрво и пакети прехранбени производи и сл. Како што велат, тоа го прават со цел да се подигне свеста во општеството и да се поттикнат и останатите здруженија да придонесат за подобрување на квалитетот на животот преку организирање на што е можно повеќе настани од забавен карактер  и хуманитарни акции.

gobikers dedo mraz 3

Клубот официјално постои пет години и има десетина члена.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи