СВР Тетово информира дека рано утрово во 4.50 часот, Полициски скужбеници од ОВР Гостивар го привеле 57 годишниот гостиварец Ќ.С., кој бил пријавен дека во Ургентен центар во Гостивар, агресивно се однесувал и го нарушувал јавниот ред и мир. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
Од полицијата и информација дека ноќеска полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода К.Д.(23), Ф.И.(23) и Д.Т.(24) тројцата од Гостивар кои биле пријавени дека околу 01.45 часот после полноќ пред угостителски објект на улица ,,Гоце Делчев” во Гостивар го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
Тие се задржани во полициска станица за расчистување на случајот и против нив ќе следува соодветен поднесок, наведува СВР Тетово.
Преземено од: GostivarPress













