Времето денес (понеделник) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Утре (вторник) според метеоролошките прогнози нѐ очекува променливо облачно време. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во среда и четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Во петок се очекуваат нови врнежи од дожд.
Преземено од: GostivarPress













