Скопје прво во Европа ама по загаденост

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Скопје и денеска е најзагаден град во Европа. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на петто место во светот со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 172 единици измерени во 12 часот.

Со овие вредности воздухот во градот е категпоризиран како „нездрав“.

Веднаш зад Скопје е Приштина на 6 место, со индекст 161, Софија е 11. со вредност на индексот од 153 единици.

Листата на најзагадени градови ја предводат Делхи во Индија (225), Лахор(224) во Пакистан и Ханој (185) во Виетнам.

Пред три дена, Скопје беше најзагаден град во светот, кога, според платформата „Ај кју аир“ во главниот град беа забележани 263 единици штетни честички.

Во меѓувреме, од Град Скопје информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни и обвинија дека од 14 институции здолжени за животната средина, само тие се на терен.

Од власта со потсетување дека во сила се краткорочни и долгорочни мерки и со апел до  локалните самоуправи да ги пуштат на терен општинските инспектори, особено во малите и средните претпријатија, а не само во оние кои имаат А и Б интегрирана дозвола. 

Заменичката министерка за животна средина Ане Лашкоска, деновиве, упати апел до општините и до сите надлежни институции да се вклучат во активностите за справување со загадувањето на воздухот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...