Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Инпекциските служби на Град Скопје денеска на терен откриле дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш создал нова дива депонија, поради што најавуваат кривична пријава. 

– Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, со што Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните на градот Скопје, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.

На овие кривични пријави, појаснуваат оттаму, им претходи кривична пријава за дива депонија што Курто Дудуш ја правил на свое приватно земјиште за што во име на Општината сам со себе си склучил договор, а за што е фатен и за истото е изречена глоба и покрената пријава за соодветна одговорност.

– Јавноста треба да знае дека Комунална Хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш и контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината, друг не може да биде одговорен, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека до овој момент против градоначалникот на Шуто Оризари поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...