Туск: Русија планирала „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Русија планиралa „терористички акции“ во воздух против Полска и други земји.

„Последните информации може да ја потврдат оправданоста на стравувањата дека Русија планирала терористички акти во воздух, не само против Полска“, рече Туск на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава.

Туск исто така рече дека Украина може да смета на полската поддршка и помош и дека темелите на пријателството и соработката меѓу двете земји се „очигледни, безусловни и нема да се променат“.

Ова е трета посета на Зеленски на Варшава по целосната инвазија на Русија на Украина. Претходните две негови посети беа во април 2023 година и во јули 2024 година.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи