Владата треба да размислува нешто за да остане младината тука

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Почетокот на второто полугодие во 12-те основни и пет средни училишта во Тетово е без никакви проблеми, информираат од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

„Општина Тетово беше постојано во комуникација со раководителите на училиштата, сме ги презеле сите чекори за да можеме да почнеме во второто полугодие без никакви проблеми. До сега немаме јавено за никаков проблем од ниту едно училиште, наставата ќе продолжи без никакви проблеми. Денес бевме во комуникација со директори и не е пријавено нешто дека голем број од ученици отсуствуваат од наставата”, истакна Назми Даути

img 1011

Раководителот на новинарските прашаньа дали продолжува отпишуваньа на ученици заради заминуванье во странство вели дека има, но смета дека се помалку од минатата учебна година.

„Евидентно е тоа дека од почетокот на учебната година па досега според податоците што сме ги зеле, од основните училишта, отпусница зеле 57 ученици кои заминале во Запад и 17 ученици во средните училишта. Ова е за жал проблематика што нашите млади одат надвор но треба постозано да се работи младината да останува тука. Има и од градот и од селата. Од ОУ „Истигбал” се 17 ученици, од ОУ „Наим Фрашери” се 18 ученици. Исто така имаме од планинските села. Осум имаме од ОУ „Рилиндіа”, четири имаме од ОУ „Ґерг Кастриоти-Скендербег”.

Мината година имавме повеќе од оваа година но беше до 100 бројката но оваа години е 74 и во основните и средните училишта. Владата треба да размислува нешто за да остане младината тука, затоа што ако продолжи овој тренд за нас ќе биде многу тешко функционираьето и на училиштата па дури и на општеството”, изјави Даути.

На новинарско прашанье зошто доцнат платите за вработени во образование во Општина Тетово во споредба со другите рурални општини раководителот рече дека станува збор за технички проблем.

„Во месец јануари има нов буцет па дури да се читаат финансиските планови, денес понеделник или утре, сите наставници во основни и средни училишта ќе имаат плата. Додека се вчитува буџетот, училиштата немаат пристап да видат средства во нивните конта, така да тие не ги пуштаа во Трезор платите и затоа немаше досега, рече Назми Даути.

Денес 14 наставници во средни училишта добиа решениаа за трансформациа на работен однос од определено на неопределено време.

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи