Сталоне да му каже на Трамп да ги ослободи Бугарите од визи за САД – Бојко Борисов со идеја за кампања

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Екс бугарскиот премиер и лидер на владејачката партија ГЕРБ,  Бојко Борисов ќе побара од актерот Силвестер Сталоне, со кого има пријателски односи, да се приклучи на кампањата за укинување на визите за Бугарите во САД.

Сталоне е еден од тројцата амбасадори на Холивуд назначени од американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше поканет и на неговата инаугурација. Борисов се надева на помошта од Силвестер Сталоне, како што рече „поради неговите зборови дека дури и волците имаат интернет во Бугарија“.

Борисов, исто така се повика и на ветувањето на американскиот претседател Доналд Трамп, а рече дека овој предлог му го дал на министерот за надворешни работи Георг Георгиев.

„Претседателот Трамп вети дека ќе го добиеме правото, како и сите други европски земји, да патуваме без визи. Потоа ќе го направивме тоа со Канада“, се присети тој на разговорите за време на неговиот трет мандат.

Силвестер Сталоне во текот на 2019 година во Бугарија го снимаше петтото продолжение на филмот со кој се прослави, „Рамбо“. Бојко Борисов, како тогашен премиер, го прими славниот актер во премиерскиот кабинет, каде си ги одмерија силите со туркање рака. Подоцна Борисов се пофали дека му го честитал и роденденот на Сталоне, додавајќи дека „Роки и самиот Рамбо“ се враќаат во Бугарија, „што е едно од најдобрите реклами за земјата“.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...