„Многу е полошо отколку што се претставува во јавноста“ – Шпекулации за здрвјето на кралот Чарлс Трети

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Нов проблем ја тресе британската монархија – здравјето на кралот Чарлс Трети наводно се влошило, поради што и палатата и неговите пријатели станале загрижени.

Според новинарот на Дејли Бист, Том Сајкс, пријател близок на кралот Чарлс проговорил за ситуацијата и рекол дека „иако тоа не е добро, кралот е решен да ја победи“. Тој, исто така, истакна дека кралот наводно се чувствува многу полошо отколку што се претставува пред јавноста.
Кралската писателка Тина Браун неодамна се осврна на оваа тема, објавувајќи статија во која се дискутира за тоа како вознемирувачката дијагноза на Чарлс ја променила траекторијата на иднината на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ставајќи ги двајцата „на застрашувачка брзина до тронот“.

Веста не можеше да дојде во полошо време за парот, кој се надеваше дека ќе ги подигне своите деца надвор од очите на јавноста барем неколку години пред да бидат неизбежно ставени во центарот на вниманието, а исто така минуваат низ свои лични стресни времиња поради неодамнешната дијагноза на рак на Кејт, за која таа неодамна објави дека е во ремисија.
Според новинарот Сајкс, деновиве подетално се разгледуваат плановите за погребот на кралот Чарлс Трети со кодно име “Operation Menai Bridge”, пренесува Зестрадар.

Врз основа на тврдењата што ги изнел, циркулира друг документ со белешки за тоа што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета во септември 2022 година. и што можеше да се подобри. Целта на документот е фино да се усогласи процедурата за тоа што ќе се случи следниот пат кога монарх ќе умре.

Останува да видиме дали кралот Чарлс ќе ја добие оваа наводна битка, пренесува курир.рс.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
9.2 ° C
9.2 °
9.2 °
88 %
0kmh
91 %
Mon
14 °
Tue
10 °
Wed
9 °
Thu
11 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Србија гласа на вонредни парламентарни избори

Изборите во Србија завршија, сега се очекуваат првичните...

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...