42-годишник од Тетово измамен за фалсификувана сообраќајна незгода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

На 18.02.2025 во 11.50 часот во СВР Тетово, 42-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од С.А., А.Л. и А.„Н“. Според пријавеното, во текот на 2021 година го довеле во заблуда и во банка потпишал некои документи за што како поклон С.А. му дал 5.000 денари. Како што е пријавено, на 25.09.2024 примил покана за судска расправа, каде дознал дека осигурителна компанија поднела тужба против него и две лица од с.Пирок и с.Копанце за наводно сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“, односно дека осигурителната компанија пуштила 350.000 денари на негово име за претрпена штета при сообраќајна несреќа, во која наводно бил учесник, а подоцна бил прогласен за виновен и требало да ги врати парите, кои никогаш не ги подигнал. Исто така, според пријавеното, тој никогаш не бил учесник во сообраќајна незгода, ниту пак имал повреди во сообраќајна незгода, така што смета дека целокупната документација која гласи на негово име била фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...