Не оди в кревет додека кавгата сѐ уште трае – Најчестите грешки на мажот што го поткопуваат бракот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во стабилен и среќен брак, партнерите меѓусебно се поддржуваат и градат врска заснована на доверба, искреност и одговорност. Истражувањата покажуваат дека емоционалната сигурност и отворената комуникација се клучни за долготрајна врска, пишува порталот „Јортанго“ (YourTango).

Грижливиот сопруг не само што ја изразува љубовта со зборови, туку и со постапки коишто покажуваат дека тој се грижи за благосостојбата на својата сопруга. Така, според наводите, добриот сопруг никогаш нема да дозволи партнерката да се грижи за следниве три работи.

1. Одење в кревет додека кавгата сѐ уште трае

Здравите врски, се вели, се одликуваат со меѓусебно слушање, избегнување непотребни судири и добра комуникација – заради одржат стабилна врска. Грижливиот сопруг нема да ги игнорира проблемите и несогласувања, ниту ќе дозволи да се наталожат, туку ќе се труди да најде решение пред негативните емоции да се продлабочат. Иако несогласувањата се неизбежни, важно е партнерите да работат на нивно решавање како тим, наместо како меѓусебно надмудрување.

2. Префрлање на вината за сопствените грешки

Брачниот терапевт Џејсон Вајтинг потсетува дека неодговорните и штетни личности во врската често користат манипулации за да избегнат преземање одговорност. Спротивно на тоа, сопругот кој вистински ја сака својата партнерка нема да дозволи таа да се чувствува виновна за неговите грешки. Наместо да се брани или да глуми жртва, тој ќе ја признае својата грешка, ќе се извини и ќе покаже подготвеност за промена, што ја гради довербата и ја зајакнува врската.

3. Недоверба поради неискреност

Брачната советничка Шери Стритоф се согласува оти многу луѓе лажат и за да избегнат караница. Сепак, тоа долгорочно ја оштетува врската и создава несигурност и недоверба. Сопругот кој ја цени својата сопруга нема да дозволи таа да се сомнева во неговата искреност, туку отворено ќе разговара за неговите чувства и мисли. Довербата се гради преку доследна искреност и способност за отворено изразување дури и тешки емоции, што овозможува подлабока поврзаност меѓу партнерите.

Љубовта во бракот не е само чувство, туку и збир на секојдневни постапки коишто покажуваат заемна грижа и почит. Грижливиот сопруг ќе разбере дека отворената комуникација, отчетноста и искреноста се клучни за среќна врска и посветено работи за неговата сопруга да се чувствува безбедно и поддржана во секојдневниот живот. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи