(Видео) „Меѓународен срам“ – Протести во САД поради вербалната пресметка меѓу Зеленски, Трамп и Венс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во повеќе американски градови вчера се одржаа протести иницирани од вербалниот судир и прекинатата средба помеѓу американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Стотици демонстранти се собраа во Вејтсфилд, Вермонт, каде Венс е на скијање со своето семејство. Иако протестот бил планиран на почетокот на следната недела, организаторите наведоа дека голем број луѓе одлучиле да дојдат откако го виделе однесувањето на Трамп и на Венс во Белата куќа.

Демонстрантите носеа транспаренти „Вермонт е со Украина“ и „Меѓународен срам“ и вееја украински знамиња.

Протести беа организирани и во други американски градови, вклучително и Њујорк, Лос Анџелес и Бостон, каде стотици луѓе излегоа на улиците во знак на поддршка на Украина и Зеленски.

Во округот Лос Анџелес демонстрантите се собраа пред зградата на „Спејс Икс“ (SpaceX), додека во Бостон организираа „итен митинг“ под слоганот „само мир за Украина“.

Протести имаше и пред продажниот центар на Тесла автомобилите, чиј сопственик е Илон Маск, при што се приведени девет лица.

Демонстрантите во Њујорк се изјаснија против масовните отпуштања на американските државни службеници по наредба на Одделението за владина ефикасност (ДОГЕ), за што претходно беше задолжен Маск.

Протестите под мотото „Да го собориме Тесла“ се одржаа и во Џексонвил, Флорида, во Тусон, Аризона, како и во други американски градови. Демонстрантите го блокираа сообраќајот на булеварите во реонот на изложбените центри, извикувајќи „Нема диктатори во САД“ и „Спасете ја демократијата“. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...