Гренланд не може никој да го припои, тоа е прекршување на меѓународното право – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Шефот на данската дипломатија, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека Гренланд не може никој да го припои, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд.

  • Не можете да анектирате земја сојузник или која било друга земја, бидејќи тоа го прекршува меѓународното право, рече тој во интервју за ТВ 2.

Данскиот министер, исто така, изрази уверување во „поддршката на НАТО“ во контекст на претензиите на Трамп за островот, објави данскиот јавен сервис, додавајќи дека „не гледа желба меѓу Гренланѓаните да бидат Американци“.

За време на вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека мисли дека ќе има анексија на Гренланд бидејќи тоа е неопходно „за меѓународна безбедност“.

Потоа, вршителот на должноста премиер на Гренланд Муте Егеде најави дека ќе иницира состанок на партиските лидери од островот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...