Тешка е состојбата на пациентите, вели анестезиоло од ВМА од Белград

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Воените и цивилните здравствени установи во Република Србија во моментов лекуваат 30 пациенти тешко повредени во пожарот во Кочани, и нивната здравстевена состојба е тешка и сериозна, јави дописникот на МИА од Белград.
Анестезиологот потполковник доцент д-р Горан Рондовиќ од Клиниката за анестезија и интензивно лекување на ВМА изјави дека во воено-здравствениот систем за лекување на ВМА и Воената болница во Ниш има 12 пациенти чија состојба е тешка и сериозна.

– Сите пациенти на ВМА се во тешка состојба, вкупно има десет, од кои шест пациенти се на одделението за интензивна нега со тешки телесни повреди предизвикани од изгореници и тешки повреди при вдишување, а четворица пациенти се на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и продолжуваат со понатамошното лекување на пластична хирургија. Вклучени се сите од анестезиолози, пластични хирурзи и сите други специјалности кои помагаат да се стабилизираат овие пациенти и да се продолжи со нивното лекување. Засега сите се стабилни“, изјави потполковникот Рондовиќ.

Тој посочи дека во тешка состојба се и двајца пациенти кои се примени во Воената болница во Ниш, но дека се стабилни и дека се на мултидисциплинарен третман, како што е случајот на ВМА.

Рондовиќ нагласи дека во евакуацијата учествувале тимови од експерти обучени за такви задачи.

– Ова е еден од најсложените видови на евакуација или транспорт на пациенти во сериозна состојба. Транспортот на голема група пациенти по воздушен пат е многу тешко да се организира. Имавме одлична соработка со сите структури на српските вооружени сили, изјави тој.

ВМА денеска ја посетија министерот за надворешни работи и трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, заменик министерот за здравство на Северна Македонија, Јовица Андовски и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчески, за да се запознаат со состојбата на пациентите кои се лекуваат. 

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи