(Видео) Се рушат згради, луѓето во паника бегаат – Силни земјотреси во Мјанмар и Тајланд

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Службите за итни случаи претходно соопштија дека 50 лица се наоѓале во зградата што се урна во паркот Чатучак по земјотресот што го погоди Мјанмар, Тајланд, а бил почувствуван и во југозападна Кина.

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри, соопшти USGS.

Силни потреси биле почувствувани стотици километри подалеку во Тајланд и југозападна Кина.

Зградите во Бангкок обично не се дизајнирани да издржат земјотреси, па штетата може да биде значителна, пренесе Би-Б-Си.

Премиерката на Тајланд Паетонгтарн Шинаватра го прогласи главниот град Бангкок за „вонредна зона“ по силниот земјотрес што го погоди соседен Мјанмар. Шинаватра „веднаш му наложи на Министерството за внатрешни работи да го прогласи Бангкок за вонредна зона и да ги извести провинциите ширум земјата да ја третираат ситуацијата како национална вонредна состојба, овозможувајќи итна јавна помош доколку е потребно“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерката.

„Премиерката веднаш се враќа во Бангкок и ја повикува јавноста да избегнува високи згради, да користи само скали и да остане смирена. Сите владини агенции се брифирани, а училиштата добија инструкции да ги испратат децата порано дома, се вели во соопштението.

Владата предупреди дека може да има нови потреси во следните 24 часа. Силен последователен потрес со јачина од 6,4 степени го погоди Мјанмар по првичниот земјотрес со јачина од 7,7 степени.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи