Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз – НАТО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со едноминутно молчење и со испалување на 59 почесни плутони во спомен на 59-те жртви во трагичниот настан во Кочани во касарната „Илинден“ беше одбележана петгодишнината од членството на Македонија во НАТО. 

– Членството во Алијансата е влог во армијата и гаранција за безбедноста. Државата мора да продолжи да инвестира во одбраната и безбедноста преку учество во мировните мисии на НАТО и Обединетите нации, порача претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова.

– Единството во Армијата и единството во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти, повика министерот за одбрана Мисајловски.

– Членството во НАТО ја направи Македонија фактор на стабилност и безбедност во регионот, порача началникот на Генералштабот Лафчиски.

Триесет војници кои беа дел од мировните мисии во последните две години, го добија НАТО медалот за будност.

Подготвеноста на македонската армија за справување во кризни состојби  беа прикажани и преку показни вежби изведени и од воздух и од копно, кои ги следеше државниот врв, воени аташеа на земјите сојузнички, амбасадори. 

Во март 2020-та Македонија стана триесетта полноправна членка на најголемиот воено-политички сојуз, НАТО.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...