„Глумците Пеат“ се презакажани за 8 и 9 јуни во МНТ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Двете претстави на култното шоу Глумците Пеат што требаше да се одржат на 8 и 9 април во МНТ, се презакажани за 8 и 9 јуни во истиот театар.

Одложувањето е заради трагедијата во Кочани, и како што наведуваат од продукцијата, во овие моменти не е време за радост и песна. Тие во трагедијата изгубија член од тимот, односно пратечкиот вокал Сара Пројковска, додека вториот пратечки вокал, Ана Костадиновска е повредена.

– Трагедијата сите не погоди и од почит кон жртвите и повредените, но и кон целата нација која тагува, одлучивме да го одложиме шоуто. Сцената е место ра радост, смеа и песна, а нам во овој период навистина не ни е до тоа. Се надеваме дека нашата верна публика ќе има разбирање за оваа одлука – ни изјавија организаторите.

Инаку, за сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на новте термини, возможна е рефундација на влезниците и тоа на продажните места каде што се купени, во периодот од 28 март до 10 април. За МНТ ќе треба да се обратат на билетарницата на МНТ, а за МкТикетс треба да се испрати барање на [email protected] за рефундација.Првата престава za 8 јуни е распродадена, додека за втората на 9 јуни има сеуште карти онлајн на платформата www.mktickets.mk.

Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго а костимографијата на Марија Пупучевска.

Глумците Пеат, чиј идеен творец е актерот Марин Бабиќ, кој почина во 2022 година, за прв пат било организирано во 1992 година, во чест на Светскиот ден на театарот и се организирало се до 2006 година. По неговата смрт, неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ, по 17 години пауза повторно го враќаат на сцената, публиката и актерите.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...