Израел ги проширува воените операции и окупира делови од Газа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Израел денеска најави значително проширување на воените операции во Газа, соопштувајќи дека ќе заземе големи области од енклавата и ќе ги додаде во своите безбедносни зони со масовна евакуација на населението.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека војниците ја окупирале областа што ја нарече оската Морак, што се однесува на поранешната израелска населба што постоела помеѓу градовите Рафа и Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

-Затоа сега го делиме Појасот и постепено го зголемуваме притисокот за да ни ги предадат нашите заложници, рече Нетанјаху во видео пораката.

Тој рече дека овој потег, кој ќе го отсече Рафа од Кан Јунис, ќе му даде на Израел контрола на другата оска во јужна Газа покрај таканаречениот коридор Филаделфија, долж границата со Египет, што Израел го смета за клучен за спречување на шверцот на оружје во Газа.

Министерот за одбрана Израел Кац претходно денеска најави дека војниците ќе ги прошират своите операции во Газа за да ги отстранат милитантите и нивната инфраструктура „и да заземат големи области кои ќе бидат додадени во безбедносните зони на државата Израел“.

Израелската војска веќе издаде предупредувања за евакуација на жителите на Газа кои живеат во некои јужни области, а палестинското радио објави дека областа околу Рафа е речиси целосно испразнета по наредбите за евакуација.

Од изјавите на Кац не беше јасно колкава територија има намера да заземе Израел или дали овој потег претставува трајна анексија, што ќе го зголеми притисокот врз населението кое веќе живее во една од најгусто населените области во светот.

Според израелската група за човекови права Гиша, уште пред операцијата, Израел веќе окупирал 62 квадратни километри, или околу 17 отсто од вкупната површина на Газа, како дел од тампон зоната околу рабовите на енклавата





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
12.1 ° C
12.1 °
12.1 °
81 %
0.1kmh
9 %
Fri
11 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
13 °

Поврзани написи