„Има нас“ – Прилеп осамна со плакати од „Југословени“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На подрачјето на Прилеп беа залепени плакати со порака „Има нас “.

-Акцијата за постери во Прилеп ја организираше прилепскиот огранок на Народно движење „Југословени”. Истите плакати со кои се величи југословенската идеја беа залепени во Скопје, Белград, Сараево, Загреб и Подгорица. Кога Југославија се распадна, се чинеше дека на југословенската идеја и дојде крајот.

Ревизионистите, националистите и опортунистите, туркајќи го нашето општество во непотребна граѓанска војна заснована на етничка и верска нетрпеливост, заземаа позиции во општеството кои никогаш немаше да им припаднат ако Југославија опстана. И покрај сето она што гореспоменатите го направија и сè уште прават за бришење на југословенскиот идентитет и име, нашиот дух опстана. И не само што преживеа, туку и се шири, се засилува и се погласно. Југословените креваат глави и велат „Има нас“, вели Илчо Наумоски и додава:

prilep jugosloveni1

-Прилепскиот огранок на движењето посочува дека во Народното движење на Југославија, кое се занимава со југословенството, а не само со одржување спомени за „некои подобри времиња”, го пронашле вистинскиот зачеток на југословенското „околу кое некогаш го собиравме и кое Тито не остави да го негуваме”. Различноста што постоеше во социјалистичка Југославија беше нејзиното најголемо богатство; најголемото културно-цивилизациско достигнување на нашата заедничка земја, кое досега не можеше да го постигне ниту една земја на овој свет, без разлика на нејзиниот степен на културен, цивилизациски и технолошки развој, вели Наумоски од Народно движење „Југословени” подружница Прилеп.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...