Нан го растури Монако, Партизан поразен во Каунас

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Монако вечерва ја обезбеди предноста на домашниот терен во четвртфиналето, а Партизан ги загуби шансите за пласман во плеј-ин. Панатинаикос победи во Монако 88:76, а Партизан доживеа пораз од Жалгирис во Каунас 70:66.

Кендрик Нан уште еднаш покажа дека е неверојатен кошаркар, вечерва ја истакна кандидатурата за МВП на сезоната, го предводеше својот Панатинаикос до победа над Монако на гостински терен во претпоследното коло од Евролигата.

Во последното, 34. коло, ПАО ќе ја пречека Црвена звезда и се чини дека Кендрик Нан е „максимално наострен“ и оваа средба заврши со 37 поени.

Постигна 18 поени во првото полувреме, па уште 12 (со индекс 14 во тие 10 минути) во третата четвртина и седум во последниот период.

Партизан во Каунас го пропушти последниот воз за место во плеј-ин. Жалгирис одамна ги загуби шансите за пласман во доигрувањето, но максимално го одигра последниот евролигашни меч сезонава пред своите навивачи.

Поразот уште повеќе ќе ги боли црно-белите, бидејчи нивниот поранешен играч Ален Смајлагиќ ги постигна последните поени на мечот. Смајлаги постигна 14 поени еден помалку од најефикасниот играч на жалгирис Силван Франциско.

Карлик Џонс беше најефикасен во тимот на Партизан со 23 поени, од кои 16 во првото полувреме. Брендон Дејвис постигна 10 поени со шест скока, Исак Бонга постигна девет поени со шест скока, а Стерлинг Браун и Алексеј Покушевски по седум поени.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
9.2 ° C
9.2 °
9.2 °
88 %
0kmh
91 %
Mon
14 °
Tue
10 °
Wed
9 °
Thu
11 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...