Изгледа е некаква грешка – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на воведените царини од 33 отсто за македонски производи и услуги од страна на САД, нагласувајќи дека ситуацијата најверојатно произлегува од „некаква грешка или погрешна информација“. Тој посочи дека Владата веќе води активни разговори за излез од оваа состојба, која би можела да има значајни секундарни последици врз македонската економија.

„Работиме заедно со нашите американски партнери и очекувам наскоро да има корекција на оваа одлука“, рече Мицкоски, додавајќи дека анализите покажуваат негативен трговски биланс на Македонија со САД во 2024 година, нешто што вообичаено не е случај за земји кои се соочуваат со зголемени давачки.

Во рамки на разговорите, премиерот информираше дека е во комуникација со Амбасадата на САД, Министерството за економија, како и Кабинетот на претседателот Трамп. Исто така, спомена дека темата била кратко допрена и во разговорите помеѓу министерот Муцунски и државниот секретар Рубио во Брисел.

На новинарско прашање дали Владата направила анализа за тоа кои индустрии би биле најпогодени од новите царини, Мицкоски избегна директен одговор, но нагласи дека штетите може да бидат значајни ако дојде до пошироки нарушувања на трговските односи помеѓу ЕУ и САД. „Тогаш ефектите би биле далеку поголеми од оние што ги чувствуваме директно на билатерално ниво“, предупреди тој.

На новинарска забелешка дека објаснувањето за дефицитот потсетува на изјавите на српскиот претседател Вучиќ, премиерот кусо одговори дека не ги следи неговите ставови, туку се води исклучиво од македонскиот интерес.

Во врска со моменталните преговори со САД, Мицкоски објасни дека процесот е сензитивен и дека не сака да открива детали додека не се постигне конечен договор.

„Пристапот е јасен. Додека сѐ не се заврши, немаме што да соопштиме. Кога ќе заврши, тогаш ќе излеземе пред јавноста со сите информации“, истакна тој.

Иако вчера оптимистички најави дека очекува добри вести од Вашингтон, денеска на новинарско прашање кусо одговори: „Не, сѐ уште“.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...