(Видео) Како полицајци во штипскиот затвор помагале на затвореник да си го најде кокаинот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полицајци од штипскиот затвор му помагале на затвореник кој се обидувал да си најде пакување со дрога, најверојатно кокаин и марихуана, кое било фрлено во дворот на затворот од надворешни лица.

Како што појасни директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, пред Затвор Штип на 20 февруари во 21:40 часот доаѓа возило, кое ја поминувата првата и доаѓа на втората капија, каде затворскиот полицаец во дежурана не го запишува, иако е должен тоа да го направи. Од возилото излегува лице кое што доаѓа до ѕидот на самиот затвори и преку ѕидот префрла топка, додека внатре се појавува затвореник со иницијали Ж.Ж, кој разговара на телефон и уште еден со иницијали Р.К. и бараат нешто во тревникот.

Потоа, посочи Пандов, доаѓа затворски полицаец кој им вели дека треба да се вртат и да се оддалечат.

  • По наредба на командирот, кој што во тој момент е на смена Т.И. се повикани уште четворица затворски полицајци. Затвореникот и понатаму говори на телефони и бара нешто низ тревникот. Се поздравува со сите тие затворски полицајци, а да не говорам дека тој не смее да има телефон во рака. И, тоа што е најфрапантно, истите тие затворски полицајци со батериски лампи се вклучуваат во барање на нештото. Не наоѓаат што не наоѓаат, нагасува Пандов. 
pandov
Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции

Наредниот ден дознава и директорот на затворот и по негова наредба повторно се бара во дворот и се наоѓа топка во кеса, во која се пронајдени 35 грама бела прашкаста материја, веројатно кокаин и 50 грама марихуана.

  • Кога директорот ги прашува командирот и затворската полиција што барале и зошто не реагирале, објаснувањето и во нивната службена белешка е дека им било предочено дека затвореникот Ж.Ж се играл со кучката Цеца, он имал скап часовник за кој им навел дека е барем 1 000 евра, кој мора да потенцирам дека го нема пријавено дека е донесен во Затвор Штип, дека му го има земено кучката Цеца, дека трчала низ тревникот и дека го изгубила. Па, овие, за да му излезат во пресрет го бараат часовникот, појасни Пандов.

Дрогата, рече Пандов, веднаш е пријавена во СВР Штип, а по наредба на директорот се формира дисциплинска комисија, составена од пет члена, кои ја имаат видео снимката, која одлучува на 28 март годинава дека затворските полицајци не се виновни.

  • Една госпоѓа во ресоцијализација и уште еден затворски полицаец гласаат  дека се виновни и треба да бидат дисциплински казнети, но за жал, полицајците Б.Д., К.П. и З.А. не пронаоѓаат вина и веруваат во тоа дека затворската полиција го барале часовникот што наводно го губи затвореникот Ж.Ж., а кучката Цеца му го има однесено. Притоа мора да потенцирам дека овие затворски полицајци македонската држава, нас како даночни обврзници, не чинат најмалата плата од сите овие затворски полицјаци кои учествуваат во овој дел е 57 илјади денари, а најголемата  е 67 илјади денари, со средно образование. Во затворската полиција има и со високо образование вработени, изјави Пандов.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи