Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се надева дека по локалните избори ќе биде заокружен процесот на основање на институцијата во која би се обединиле надлежностите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.  

Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе работи на оваа проблематика.  

– Се работи на спојување, односно би рекол формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки. Разликата кај новата институција е тоа што таа би имала координациска и командна улога бидејќи во овој момент ние како ЦУК координираме, но немаме командна улога, рече Ангелов.

Очекува ова лето да бидат на располагање и трите „ер трактори“ за гаснење на пожари заедно со тројца пилоти, а за потпорниот ѕид што се урна кај Детската клиника во Скопје, рече дека е донесена одлука на Владата да се одвојат средства од Буџетот за санирање. 

– Состојбата е специфична, но јас сум оптимист. ДЗС е обезглавена, но Владата работи на изнаоѓање на решение. Убеден сум дека годината во текот на летото ќе ги имаме трите „ер трактори“ заедно со тројца пилоти, рече Ангелов. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
9.4 ° C
9.4 °
9.4 °
87 %
0.6kmh
57 %
Mon
13 °
Tue
8 °
Wed
10 °
Thu
12 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу...