Скршените лушпи од велигденските јајца може да се користат на неколку начини. А ако сте загрижени дека ви остануваат само мали парчиња кои се неупотребливи, веднаш да ве увериме – и тие имаат своја намена. Можете да ги сомелете во прав и да ги користите за различни намени… Најчеста примена е во градината и за одгледување растенија. Експертски совет е претходно да ги сомелете… Еве што всушност треба прво да направите:
Нежно исплакнете ги парчињата лушпи и ставете ги на сонце да се исушат. Чувајте ги исушените парчиња во херметички сад.
Исушените парчиња лушпа сомелете ги во прав, или во машина, или со толчник, чекан за месо или едноставно со сукало. Откако ќе ги сомелете, додајте го прашокот во земјата во саксии или размачкајте ги околу растенијата во градината. Направете го истото и со лушпите што не сте ги искршиле претходно – расфрлете ги по растенијата и оставете ги да ја направат својата „магија“.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













