МВР информира дека е санкционирано лицето кое со возило се движело по велосипедска патека во населбата Бутел. Се работи за З.С. (43) на кого веќе му е изречена казна.
-Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. „Бутелска” ве известуваме дека настанот се случил на 23.04.2025 околу 16.30 часот. Веднаш од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје се преземени соодветни мерки и активности при што е пронајден возачот на возилото З.С.(43) и на истиот му е изречена законски предвидената глоба, наведува МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













