(видео) Преку 1, 2 милиони македонци раселени низ светот – МНР работи на национална стратегија за дијаспора – ќе ги мотивира да се враќаат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


4700 иселени од Виница во 2004та, дваесет години подоцна, бројката достигнува 12 илјади лица, трендот на исселување особено од помалите места во земјава никако да запре, вели во денешното издание на емисијата Стадион директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов.

Финансиите но и сигурноста која ја нуди системот во Европските и прекуокеанските земји се најчестите прилчини за иселувањето, додава Ангелов.

  • Тој вакум што ги влече нашите луѓе се дефинитивно финансиските средства, платите се таму многу повисоки, но и сигурноста, дека системот оди по шините, се функционира беспрекорно, ако се држиш по патот нема проблем, ако скршнеш тогаш настануваат проблемите, вели Ангелов.

Што земјава прави во овој момент за да ги привлече нашите да се вратат, според Ангелов е особено значајно. Неопходни се како што вели воведувања на финансиски олеснувања по примерот на останатите земји од регионот како Хрватска која има воведено низа мерки за укинување на давачките за оние кои сакаат да се вратат, да живеат или да инвестираат во родната земја.

  • Заедно со министерството за надворешни работи и останатите инволвирани институции правиме нова национална стратегија за дијаспора, каде ќе се работи на мерки кои ќе ги стимулираат и ќе бидат додатен предизвик за нашите млади иселеници да се вратат во земјава. Правевме анализа и веќе разговаравме и со директорот на царина за олеснување на давачките, додава Ангелов.

Во денешното гостување директорот зборуваше и за тоа колкав дел од иселениците од земјава продолжуваат да го зборуваат мајчиниот јазик, што е со децата кои се раѓаат во туѓина и што и колку прави државата и особено министерството за образование во насока на зачувување на нашиот јазик кај нашите во странство. Откри и дека неодамна за прв пат до сега било побарано отварање на училиште за изучување на македонскиот јазик во Осло, што е само потврда за се поголемиот број наши кои заминуваат во скандинавските земја.

Целосното издание на емисијата Стадион со првиот човек на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов, на линкот подолу:

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...