Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе направи сè неделава да се одржи најавената средба со Владимир Путин.

-Доколку Путин не е подготвен да дојде во Анкара, Ердоган и јас сме подготвени да одлетаме за Истанбул. Ќе направиме сè за да се случи таа средба, рече Зеленски.

„Никој освен мене не може да преговара со Путин. Тоа се мои должности“, рече тој, а потоа додаде: „Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултати. Сè веќе отиде предалеку.“

-Путин се плаши од директни преговори со мене, тврди Зеленски во изјавата на Х, додавајќи дека „доколку Путин не дојде и продолжи да ги игра неговите игри, тоа е последен доказ дека не сака да ја запре војната“.

Зеленски додаде дека, доколку преговорите не успеат, очекува „строги санкции“ од САД и Европската Унија, бидејќи тоа би покажало дека Русија не е подготвена за дипломатија.

За потсетување, директните преговори меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин треба да се одржат во четврток во Истанбул, со потенцијално учество на американскиот претседател Доналд Трамп.

Најавената средба претставува најнов обид на меѓународната заедница да посредува за завршување на војната што трае повеќе од три години.

Зеленски го потврди своето пристигнување во Турција и го покани Путин да се придружи, нагласувајќи дека е подготвен да направи сè за да се одржи состанокот.

Путин предложи преговори без предуслови, но сè уште не го потврди своето учество. Кремљ ги отфрли барањата на Западот за 30-дневен прекин на огнот како „ултиматуми“ и сè уште не е јасно дали Путин лично ќе присуствува на состанокот.

Засега е нејасно и дали американскиот претседател Трамп, кој моментално е на турнеја по  Блискиот Исток и изрази подготвеност да учествува во евентуалните разговори во Истанбул, навистина и ќе им се приклучи доколку оцени дека тоа би можело да биде корисно.

Зеленски го поздрави неговото евентуално присуство, велејќи дека тоа би можело да помогне во постигнување на мирот во Украина.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...