Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај.

Раководството на аеродромот ги советува патниците кои ќе патуваат во споменатите два дена да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред нивниот лет.

-На 15 и 16 мај Тирана ќе биде домаќин на Самитот на Европската политичка заедница, со учество на лидери од цела Европа. Поради безбедносни мерки и затворање на патишта се очекуваат застои и густ сообраќај. На патниците кои патуваат на овие датуми им се препорачува да планираат однапред и да се пријават на аеродромот најмалку 3 часа пред летот, стои во известувањето.

На аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се 2.083.050 патници, или 9,1 отсто повеќе, споредено со истиот период минатата година кога имаше над 1,9 милиони патници.

Освен албански, услугите на аеродромот, во голем број, ги користат и македонските, косовските и црногорските граѓани. Минатата година над 120 илјади македонски државјани пристигнале или отпатувале кон некоја од многубројните дестинации.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи