Средба Гаши – Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во рамките на Парламентарно-економскиот форум на Парламентарното собрание на Медитеранот во Мароко, денеска, во Mаракеш, се одржа билатерална средба помеѓу претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши и потпретседателот на Парламентарното собрание на Медитеранот, Абдулах Бин НасерТурки Ал Субаие.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, на средбата се разговараше за унапредување на меѓупарламентарната соработка, заедничките заложби за стабилност и просперитет во Медитеранскиот регион, како и за можностите за зајакнување на парламентарната дипломатија.

– Двајцата соговорници ја потврдија важноста на дијалогот и меѓусебната поддршка во справување со глобалните предизвици, како што се миграцијата, климатските промени и економскиот развој. Посебен акцент беше ставен на потенцијалот за економска соработка, со фокус на инестиции, трговска размена и развој на инфаструктурни проекти, се наведува во соопштението.

Средбата поминала во дух на пријателство и заемна почит, со изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот и пошироко, стои во соопштението.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи