Екс амбасадорот во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши, го доби името Георгиј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, денеска и вчера се одржале значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, примил монашки постриг и бил ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј.

Како што е објавено на веб страницата на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, на 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил Преспански, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан отслужил вечерна богослужба, на која го замонашил проф. д-р Ѓорѓевски во чин мала схима, давајќи му го монашкото име Георгиј.

Следниот ден, на 28 мај, за време на Божествената Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан го ракоположи монахот Георгиј во јероѓаконски чин.

– Оваа духовна преобразба и принесување на животот во служба на Христа и Црквата е голема радост за целата наша Света Црква. Особена е честа и благодарноста и за академската заедница на Православниот богословски факултет, каде јероѓаконот Георгиј и понатаму ќе го сведочи Евангелието и ќе го пренесува искуството на верата и богословската мисла на новите генерации студенти, објавено е на веб страницата на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.

goko gorgevski1

Професорот Ѓорѓевски, сега јероѓакон Георгиј, е познат по своето длабоко богословско знаење, лична посветеност и несебична љубов кон Црквата. Неговото монашко и ѓаконско служење е сведоштво за соединувањето на науката и духовноста, на словото и молитвата, на умот и срцето. 

Ѓорѓевски е поранешниот македонски амбасадор во Ватикан.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи