Пенал рулетот го однесе Вардар во финалето на Купот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Вардар утре ќе игра за титулата во Купот на Македонија. Противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу Охрид и Пелистер.

Во првото полуфинале на завршниот турнир во Охрид, Вардар го победи бранителот на трофејот Алкалоид по изведувањето пенали. Натпреварот по 60 минути заврши 28:28, Вардар пенал серијата ја доби со 4:3.

Неизвесно од првата до последната секунда беше првото полуфинале во Купот на Македонија. Алкалоид имаше предност од четири гола по 15 минути игра (8:4, 9:5), Вардар успеа да се доближи на гол негатива со серија 1:4 во следните шест минути и да фати приклучок.

Од 22.минута се играше гол за гол. Неколку пати Вардар, во вториот дел имаше можност да го преземе водсвото, но не успеаваше покрај извонредниот голман на АЛкалоид, Галевски.

Кога во последните пет минути Вардар влезе со предност од два гола (25:27) се чинеше дека ја заврши работата, меѓутоа Алкалоид одговори со серија од три гола, а по одбраната на Галевски, по шутот на Борозан, Алкалоид во последната минута имаше и напад.

Лошо одиграа момците на Кире Лазаров, Срдановиќ ја украде топката и погоди на празен гол за 28:28.

Во пенал серијата во херој на Вардар израсна голманот Еспиња кој одбрани два седмерци во втората и третата серија (Симоновски и Дамјан Митев).

Најдобри играчи во двата тима беа голманите, Еспиња мечот го заврши со 12 интервенции, Галевски имаше 15 од нив 11 во второто полувреме.



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
9.4 ° C
9.4 °
9.4 °
87 %
0.6kmh
57 %
Mon
13 °
Tue
8 °
Wed
10 °
Thu
12 °
Fri
9 °

Поврзани написи

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу...